Посета на Македонија од страна на најголемите туроператори и новинари од Кина

Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија во координација со економскиот промотор на РМ во Гуангдонг, НР Кина, организираа петдневна инфо тура за тур оператори и новинари од Народна Република Кина.

Делегацијата на Народна Република Кина ја сочинуваа претставници на едни од најголемите тур оператори, меѓу кои Guamg Zhi Lu, убедливо најголемиот тур оператор во 100 милионската провинција Гуангдонг и кои годишно испраќаат над 50.000 туристи во Европа; Nan Hu Guo Lu Travel Service, помала но амбициозна агенција која има свои канцеларии во Германија и испраќа илјадници туристи во Европа на годишно ниво; Zhong Qing Lu CYTS Co.Ltd, втор најголем тур оператор што функционира на ниво на цела Кина, со 1.5 милиони туристи на годишно ниво, и голем инвеститор во oбласта на туризмот; Shanghai Spring International Travel Services, добитници на награда за број еден домашна туристичка агенција, а воедно тие се и првите што имаат сопствена авио компанија;

Учество во инфо турата имаа и China Internet Information Centre, државната новинска агенција, еден од најголемите веб сајтови каде публикациите освен на кинески, се издвојуваат уште 10 дополнителни јазици, со 24 часовно постирање на информации покривајќи над 200 земји и региони во светот. Како и China Travel Magazine, еден од магазините наменети за патувања и промоција на нови дестинации, еден од најтиражните во Кина.

За време на престојот остварија 50 средби со приватниот туристички сектор од Македонија, каде се разгледуваа можностите за соработка. Туристичката понуда на Скопје, Охрид, Маврово и нивното историско и културно наследство беа највпечатливи за тур операторите. Сметаат дека Македонија има огромен потенцијал на кинескиот пазар, и тоа најмногу со: езера, култура, цркви, вински и гастро туризам.

Исто така, седум члената делегацијата од Народна Република Кина се сретна со амбасадорот на НР Кина во Македонија, Неговата Екселенција Wen Zhenshun, со кого ги споделија импресиите од посетата на Македонија.

Kina_turoperatori2