Учениците од I одделение од ОУ „Христо Узунов“, заедно со нивните одделенски наставници Соња Јовева, Тања Мариноска и Биљана Угриноска денес беа во посета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Посетата беше организирана во соработка со родителите во согласност со проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, со цел учениците да се запознаат со работата на оваа организација.
До аеродромот учениците стигнаа со двокатниот автобус од ЈП „Билјанини Извори“. Со работата на аеродромот беа запознаени од вработените на Аеродромот, а имаа и прилика да го следат полетувањето на еден холандски авион, да ги пречекаат и да им посакаат добредојде на групата холандски туристи. Учениците благодарејќи на вработените беа запознаени со основните принципи и вработени на оваа институција.
Среќни и задоволни од новото доживување, учениците се заблагодарија за сето тоа што го научија, а ова сигурно ќе биде едно големо доживување кое учениците долго ќе го паметат.
Од ОУ „Христо Узунов“ упатуваат голема благодарност до ЈП „Билјанини Извори“ за доживувањата на двокатниот автобус и до сите вработени во аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид за нивната срдечност и трпеливост со нашите најмали и најмили првоодделенчиња и особена благодарност за родителот Димче Спироски-вработен кој ја прифатил оваа прилика поблиску да им го долови начинот на работа на охридскиот аеродром.