Ограбена канцеларија во Струга

Вчера во Полициската станица – Струга било пријавено дека на 29/30.05.2016 година во периодот од 21.45 до 09.30 часот, во деловна канцеларија на ДООЕЛ„Г Компани“ во Струга, сопственост на Т.Г. (43) од Струга, непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел метална каса во која имало 85.000 денари, 300 евра, 200 долари, 500 лева, две златни белезгии и еден пиштол, по што го напуштил местото на настанот. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Струга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.