Изминатите 24 часа, македонските безбедносни сили привеле 80 мигранти кои нелегално влегле во Македонија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи од Гевгелија.
Мигрантите се сместени во претприемниот шатор на Прифатно-транзитниот центар Гевгелија (ПТЦ).
Откако од Министерството за внатрешни работи ќе завршат со проверките, мигрантите ќе бидат вратени на грчка територија.
Во ПТЦ Гевгелија сè уште престојуваат стотина мигранти кои останаа заглавени откако за нив се затвори балканскиот коридор.
Извор: meta.mk