Успеси на ученици од „Јахја Кемал“ на Меѓународниот натпревар InfoMatrix 2016 во Романија

Нови успеси на учениците од приватното основно и средно училиште „Јахја Кемал“ – Струга.

Учениците Димитар Бакрачески, Ерен Суло, Егзона Лутфиу, Марко Филипче, Теодор Недевски освоија повеќе одличја (бронзени медали и пофалници) за нивниот успех на 14-иот Меѓународен натпревар за компјутерски проекти „INFOMATRIX 2016“, кој се одржа во Букурешт – Романија.