Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија вкупно се родени 23 260 деца, од кои живородени се 23 075 и 185 мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2015, во споредба со претходната година, е намален за 521 дете или за 2.2%. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество и тоа 51.8%, односно, на 100 живородени женски деца 107.6 се машки.
Според месецот на раѓање, најголем број раѓања (2 176) се регистрирани во месец јули. Просечната возраст на мајката при вкупниот број на раѓања е 28.7 години, а 27.0 години на првите раѓања. Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34.5% се живородени деца од мајки на возраст 25-29 години.
Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1988 година. Во 2015 година се регистрирани 13 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.
Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 530 деца или 11.0% од вкупниот број на живородените деца се вонбрачни.