Во сабота(4ти јуни), во 11:00 часот во просториите на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи отворена трибина на тема Мозочен удар – со 2 предавања „Мозочен удар и третман на мозочен удар“ и „Физикална терапија и рехабилитација по мозочниот удар, очекувања и компликации“.
Предавачи ќе бидат д-р. Маја Божиновска Смическа, спец невролог од Специјална болница „Св.Еразмо“ и д-р Гордана Коњаноска спец. по физикална терапија и рехабилитација од Завод за кардиоваскуларна рехабилитација „Св.Стефан“. По предавањата ќе бидат презентирани помагала кои се наменети за пациенти со прележан мозочен удар.
Истиот ден со почеток во 10:00 цасот на платото пред Центарот за култура тим на Здружението за борба против мозоцен удар „Мозочен удар“ Охрид и Црвен Крст од Охрид во заедничка активност ќе спроведуваат превентивни прегледи со цел откривање на ризик факторите за мозочен удар, а секој заинтересиран ќе има можност за индивидуална консултација со спец.невролог, физијатар и интернист.