Импресивен настап на театарската група од Црвен крст Крагуевац на вториот ден од театарскиот фестивал Вдиши театар. Тие, вчера во предворјето на црквата Св.Софија ја изведоа театарската претстава „Рингишпил“ преку која ја пренесоа семејната драма за соочување со губењето моќ, пари, за пореметени меѓучовечки односи и борба со болестите на зависност. Со својата умешност во театарската игра, младите актери ја приближија до публиката, реалната и препознатлива во секојдневието, сурова игра на судбината, каде наизглед совршен живот се претвора во кошмар и се’ се менува непрекидно и врти како рингишпил.
Како посебна понуда на овогодинешниот театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ ќе биде настапот на професионалната актерска екипа од Црвен крст Ужице, со претставата „Крајот на викендот“, која е и на репертоарот на Народниот театар во Ужице.
Претставата ќе се прикажува вечерва (03.06.2016) на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 ч. Влезот е слободен.