Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски изврши увид во градежните активности на автопатот Кичево-Охрид.
На новиот автопат од Кичево до Охрид се работи интензивно и на него работат преку 1200 работници и над 500 градежни машини.
„Денеска сме во посета на кичевско-охридскиот регион каде извршивме увид во изградбата на новиот автопат од Кичево до Охрид. Ова е најголемата капитална инвестиција во последните неколку децении што ја реализираме во Република Македонија вредна 374 милиони евра. Ова практично е најголемиот автопат што до сега се гради во земјава“, рече Мисајловски за време на увидот.
„Она што досега го видов на терен и меинформираа е дека е досега се пробиени над 80 % од трасата. Во моментов се работи на пробивање на тунелот кај Пресека кој е најголем во државата и е во должина од околу 2 км. Интензивно се работи на неколку локации истовремено, се со цел да се испочитува договорот за изградба. Очекувам дека до крај на оваа година ќе бидат завршени 50% од градежните работи,“ изјави министерот за транспорт и врски Влаод Мисајловски.
Договорот за изградба е 2018 година, секогаш постојат непредвидени работи во градежништвото, но ако динамиката на изградба се одвива со ова темпо автопатот ќе биде завршен во предвидениот рок, истакна Мисајловски.
Мисајловски потенцираше дека покрај овој автопат истовремено се работи и на автопатот Миладиновци – Штипкако и наделницата ДемирКапија – Смоквица, реконструкција на автопатските делници од Куманово до Миладиновци и од Смоквица до Гевгелија или вкупна инвестиција од преку 800 милиони евра.
На оваа делница моментално работат преку 1200 работници и над 550 градежни машини, што е најголема концентрација на работна сила во изградбата на капиталните проекти, изјави директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојановски.
Тој додаде дека градежните работи на автопатот се одвиваат според предвидената динамика. Исто така потенцираше дека за време на летниот период ќе се постави дополнитлна патна сигнализација за да се зголеми безбедноста во сообраќајот, особено во туристичката сезона кога фреквенцијата на возила се зголемува.