Фудбалско издание „Импровокација“ во Центарот за култура

Во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охридскиот народен театар на 9ти јуни (четврток) ќе ја изведе театарската импровизација „Импровокација“, со почеток во 21:00 часот.

Овој пат специјално фудбалско издание „Импровокација“ обоено во боите на Европското Првенство. 

Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е ко-продукциски проект помеѓу НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид и тројцата професионални актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски.

Билети добро познато место:

музичка продавница ЗИЗИ ТОП

претпродажба 150, на ден на изведба 200.

Препорачана возраст: +15