Одржан Интернационалниот фолклорен фестивал „Св. Тројца“

Викендов во Центарот за култура „Григор Прличев”, во организација на КУД „Охриѓанка”, a во соработка со ИФФОМ (Интернационални Фолклорни Фестивали, Охрид – Македонија) се одржа Интернационалниот фолклорен фестивал „Св. Тројца”.

Охрид беше домаќин на повеќе гостински групи од различни држави. На фестивалот, покрај домаќините КУД „Охриѓанка” од Охрид, учествуваа и групите КУД „Младост” од Кичево, КУД „Григор Прличев” од Скопје.

IMAG9857

На овој интернационален фестивал учествуваа групи од Хрватска, Словенија, Турција, две групи од Бугарија и две групи од Украина. На фестивалот  учествуваа околу 400 учесници кои продефилираа низ Охридските улици.

IMAG9780 IMAG9773