Група туристи од Израел во четврток пристигнува во Охрид

Во четврток на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ пристигнува група туристи од Израел со израелскиот тур-оператор „Аркиа интернационал“.

На пречекот на туристите од Израел ќе зборуваат генералниот менаџер на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски, министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, директорот за маркетинг и продажба во „Аркиа интернационал“, Анат Ахаром и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.