Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.Т. (73) од Скопје, со привремен престој во Охрид. Него одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
На шести овој месец, пријавениот извршил блудни дејствија врз седум годишна малолетничка од Охрид. Настанот се случил околу 12 часот и 30 минути во близина на казино на улицата „Св.Климент Охридски“ во Охрид. Сега притворениот ја забележал малолетничката која се враќала од училиште и ја повикал кај себе по што започнал да ја допира. По пријавувањето на настанот, СВР Охрид во консултација со јавниот обвинител ги презеде сите мерки за реализација на кривично-правниот настан. Во присуство на нејзината мајка, извршени се разговори со оштетената, разговори со сведоци како и со претставници на Центарот за социјални работи. Веднаш потоа СВР Охрид ги презеде сите мерки за идентификација на можниот сторител на грозоморниот чин.