Учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“ дебатираа на тема: „Образование – пат кон успехот“

Пред самиот завршеток на наставната година, денес Основното училиште „Св. Климент Охридски“ – Охрид организираше дебата на темата „Образование – пат кон успехот“ во која се натпреваруваа два тима ученици од 8-мо одделение. Едниот тим ја бранеше тезата дека образованието е најважен фактор кој води кон вистинскиот успех, додека противничкиот тим не се согласуваше со дадената теза, односно го бранеше ставот дека многу други фактори се поважни и одлучувачки за успешност во современото општество. Двата тима претходно беа тренирани од страна на училишниот педагог Славица Илиќ.

Дебатата се оддржа пред бројната публика во која беа присутни настаници, стручните соработници, директорот и други ученици кои имаа прилика да ги следат аргуметите и репликите на двата тима.

Ова е втор пат во училиштето да се организира ваков настан чија цел е кај учениците да се развиваат различни специфични способности како што се критичко мислење, подготвеност за јавни настапи, вербално изразување, презентерски способности и сл.

Учениците, учесници во дебатата покажаа високо ниво на култура на комуницирање, одлични вербални и аниматорски способности, како и користење на различни извори на информации.