По повод претстојната посета на Охрид на претседателот на Република Чешка, Милош Земан и неговиот домаќин, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, СВР Охрид ги презема сите неопходни мерки за безбеден престој на двајцата претседатели и членовите на нивните делагации.
Во таа насока, а со цел натамошно одржување на стабилната и поволна безбедносна состојба на подрачјето, СВР Охрид веќе спроведува низа превентивно-оперативни и сообраќајни мерки со доследна примена на законските полициски овластувања. Планираните активности се поврзани со физичко и длабинско обезбедување на просторот и објектите каде се предвидени средбите на претседателите и членовите на нивните делагации како и на културно-историските знаменитости што ќе бидат бидат посетени.
Предвидени се зајакнати мерки за сообраќајно обезбедување и регулирање на сообраќајот на определени делници и патни правци. Заради безбедно движење на возилата под придружба, на одредени патни правци, посебно на булеварот „Туристичка“ привремено ќе има ограничено движење на моторните и другите возила. Се изврши писмено известување до сопствениците на патничките автомобили за нивна дислокација после што ќе следи отстранување на неправилно паркираните возила како и на други предмети на коловозите од предвидената траса на движење. Полициски службеници ќе вршат контрола и регулирање на стационарниот сообраќај на паркинг плацеви како и на други сообраќајни точки и оперативни позиции.
Имајќи го во вид значењето на претстојната посета но и потребите на граѓаните, од СВР Охрид апелираат за исклучива нужност во користењето на сопствените патнички и други возила на граѓаните, доследно почитување на сообраќајните правила и прописи како и следење на насоките од полициските службеници на терен.