Презакажана дебатата за оствареност на Индексот за детските права

Денешната дебата за исполнетост на детските права во средното училиште „Свети Кирил и Методиј“ која требаше да се одржи во 12:30 часот, се презакажува за во петок, во истиот термин. Дебатата се организира во рамките на редовните активности на Коалицијата на младински организации „СЕГА” и „Младински Совет” – Охрид, согласно проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија.

повеќе...

Дебата во рамки на „ДримОн“ во Струга: Каде е културата во медиумите?

Дебата што ја разгледува присустноста на културата во медиумите ќе го отвори претпоследниот ден на четвртото издание на Фестивалот за процесирање култура „ДримON“, кој ќе се одржи од 27 до 31 јули во Струга. Тематскиот ден е насловен „Во Абсентија“, а интерактивната дебата носи наслов „Отсуството на културата и уметноста во медиумите“. Дебатата е закажана за сабота, 30 јули од 19.30 часот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Модераторка е новинарката и активистка Ана Јовковска, а панелисти се Звонко Наумоски, Небојша Вилиќ и Влатко Галевски. „Од постојана политизираност до доминантно…

повеќе...

Учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“ дебатираа на тема: „Образование – пат кон успехот“

Пред самиот завршеток на наставната година, денес Основното училиште „Св. Климент Охридски“ – Охрид организираше дебата на темата „Образование – пат кон успехот“ во која се натпреваруваа два тима ученици од 8-мо одделение. Едниот тим ја бранеше тезата дека образованието е најважен фактор кој води кон вистинскиот успех, додека противничкиот тим не се согласуваше со дадената теза, односно го бранеше ставот дека многу други фактори се поважни и одлучувачки за успешност во современото општество. Двата тима претходно беа тренирани од страна на училишниот педагог Славица Илиќ. Дебатата се оддржа пред бројната…

повеќе...

Охрид: Жестока, но пристојна дебата за изборите

Пред полна сала високи претставници на општина Охрид, членови на Советот, раководители на јавни претпријатија и подрачни единици на државните институции, активисти на политичките партии, медиуми и граѓанки и граѓани на Охрид, ЦИВИЛ го претстави проектот „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“. На Средбата со граѓанките и граѓаните на тема „Сите за слободни избори“, се поведе дебата за политичката криза и за условите за одржување избори во Република Македонија. Иако на моменти жестока и антагонизирана, дебатата беше пристојна и протече во демократски дух.de Редакцијата ЦИВИЛ Медиа го документираше овој…

повеќе...

СДСМ: Ја градиме Македонија едно општество за сите

Дебата: Ја градиме Македонија едно општество за сите Ја победуваме нееднаквоста заедно. Граѓанинот го прашуваме што му треба, а не кој е. Создаваме граѓанска држава, наместо различни колосеци и предрасуди. За нас, мултукултурата во Македонија е вредност, а не проблем. Го враќаме достоиството на секој уметник и творец во земјата. Овозможуваме квалитетни услуги за сите граѓани во Македонија. Ова е сосема обратен процес на градење на Македонија како едно општетство за сите, наспроти поделбите и раздорот што за политички цели ги поттикнува актуелната власт. Тие сакаат осиромашените граѓани да се…

повеќе...

СДСМ има конкретни мерки за здрава средина и здрав живот во Македонија

СДСМ со соопштение до медиумите, во кое стои: „Според извештајот „Зелен раст“ на Светска банка за 2014 година, Македонија е на прво место на листата за изложеност на граѓаните на загаден воздух со цврсти честички. Дополнително, Светка банка наведува дека Македонија е на петто место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух, односно од честичките ПМ 10. Сознанијата на Светска банка упатуваат на тоа дека цврстите честички се најголемата причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во Македонија, поради предизвикување на различни болести на дишните патишта па дури…

повеќе...

СДСМ нуди европско образование во Македонија

СДСМ со соопштение до медиумите, во кое се вели: „Образованието во Македонија е во многу лоша состојба, пред се, поради лошите политики и законски решенија што во континуитет предизвикуваат штетни последици врз целиот образовен процес. Партизацијата на образовните институции и назначувањето на партиски кадри го омаловажува и го урива системот на образование а младите образовани луѓе ги брка надвор од Македонија. СДСМ заедно со граѓаните гради платформа со којашто нуди европско образование во Македонија во интерес на учениците, студентите, наставниците и професорите. Студентот ќе биде активен учесник во промените во…

повеќе...

СДСМ: Застануваме зад работниците и отвораме иднина за младите дома

„Денеска во Скопје, на дебатата Пристојна работа, во рамки на проектот Визијата за Македонија, разменувавме визии со граѓаните, како заедно да обезбедиме иднина за младите дома и пристојна работа за работниците. Во овие услови на безработица, кога примањата на вработените се на граница на егзистенцијална издржливост, тешко е и да се замисли да се говори за пристојна работа.“- информираат од СДСМ. Претседателката на Комисијата за труд и социјална политика, Мила Царовска и претседателот на Комисијата за економија Драган Тевдовски објаснија како СДСМ тоа ќе го постигне и го соопштија децидниот…

повеќе...

Тевдовски: Парите ги насочуваме кон граѓаните, создаваме стабилни семејства, погледнете како

Денешната централна дебата во Скопје на тема: Парите кај граѓаните, извлекуваме од сиромаштија предизвика големо внимание. Постои свест дека нерамномерната распределба на доходот е една од актуелните политики што генерира сиромаштија. Мерките на СДСМ за праведни даноци, насочување на парите кон граѓаните, стабилен систем на социјална заштита, економски стабилни семејства, економски стабилна држава, ги преставија Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија и Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика. Сите мислења и предлози на граѓаните, на граѓанските здруженија, невладиниот сектор, професори, експерти се внимателно забележани и…

повеќе...

Панел дебата во Охрид „Европската бегалска криза – причини за нејзината појава и можни последици по безбедноста на Република Македонија“

Утре, со почеток во 12,00 часот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, во организација на „Балкански форум за безбедност“ ќе се одржи Панел дебата на тема: „Европската бегалска криза – причини за нејзината појава и можни последици по безбедноста на Република Македонија“ со тези за дискусија: – Геостратегиските и геополитичките аспекти на причините за појава на бегалската криза, – Меѓународно-правните стандарди за заштита на бегалците како патоказ за изнаоѓање на ефикасни средства и методи за разрешавање на бегалската криза, – Бегалската криза и односите меѓу соседите во Југоисточна Европа –…

повеќе...