Успех на охридските основци на Државниот натпревар по природни науки

На Државниот натпревар по природни науки кој се одржа на 4ти јуни на Природно матеметичкиот факултет во Скопје, охридските основци постигнаа завидни резултати.

Ученикот Борче Исакоски петто одделение од OУ „Христо Узунов“ го освои првото место во конкуренција од 130 учесници од целата држава, а учество имаше и ученичката Ана Новеска од петто одделение под менторство на наставничката Даниела Стојаноска. На натпреварот учествуваа и учениците од четврто одделение од основното училиште „Христо Узунов“ и тоа Ана Јорданоска, Ивана Ническа, Јана Џамтоска и Калина Стојаноска.

„Ова е голем успех како и за самите деца така и за нашето училиште, им посакуваме пред се добар летен распуст и со нови сили во нови почетоци.“– велат од ОУ „Христо Узунов“.

Ученикот од ОУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид, Михаил Рувинов од петто одделение под менторство на наставничката Галина Малезаноска ја освои трета награда.

SvKlimentSkolo