Да го почувствуваме Охрид од планинска перспектива

Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ на 12ти јуни (недела) организира планинарска тура. Почетна точка с.Велестово 1100 мнв, крајна точка Врв Три Мажи 1630 мнв.

Се искачува околу 550 до 600 метри денивелација и се изминува околу 4 км. во еден правец. Просечно време на минување на турата во двата правци е околу 4 до 5 часа.

Тргнување во 7:30 од паркингот пред ЈП Билјанини Извори (Спортска сала Билјанини Извори) со организиран превоз до с.Велестово, а враќање во 15:00 часот повторно со организиран превоз од с.Велестово.

Патеката претежно се движи во шумски појас и под сенка, но сепак е препорачливо носење на соодветна опрема за заштита од сонце (капа, наочари, лесна облека со долги ракави или крем со УВ заштита). Покрај облека за заштита од сонце, потребно е носење на јакна за заштита од ветар, малку храна и вода (на патеката има извор за вода на 1300 мнв).

ПОТСЕТУВАЊЕ: За оние кои имаат одредени алергии на полен, растенија или инсекти да си ги носат со себе вообичаените лекови кои им ги препишал лекар. Ова важи и за лицата со други хронични заболувања.

Котизација за учество изнесува 100 денари и се однесува само за лица над 14 години и во неа е вклучено: превоз (Спортска сала Билјанини Извори – с.Велестово – Спортска сала Билјанини Извори), 0.5 вода, житарица, мала закуска и ангажман на инт. водич во планина и медицинско лице.

Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ ги поканува сите граѓани да се приклучат и заедно да го почувствуваме Охрид од планинска преспектива, посебно постекстернистите (ученици, родители, наставници) на спортско рекреативно опуштање со природните убавини на планината и Охрид.

Сите заинтересирани лица за учество на планинарската тура, поради евидентирање на вкупниот број учесници, ги молиме да се обратат на следниот тел. број 078/440 – 139 , контакт лице Иван Цветкоски.