Утре ќе се организира акција за пронаоѓање на исчезнатиот Ристе Алексиески

Жителите од село Мешеишта утре ќе организираат голема акција за пронаоѓање на исчезнатиот 48-годишен Ристе Алексиески. Акцијата ќе започне во 7:30 часот пред неговата куќа.

Организатoрите на акцијата апелираат до сите граѓани кои сакаат и можат да помогнат да се приклучат во акцијата за пронаоѓање на исчезнатото лице. Сите заинтересирани за учество во акцијата може да се обратат на телефон 077/738-692.

До сега во акцијата за пронаоѓање на Алексиески, покрај полициските служби вклучени беа и членовите на Единицата за интервеции и спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид.

Според информациите од СВР Охрид, исчезнатиот Алексиески заминал да собира печурки на 3-ти јуни 2016 година. Излегол од дома и се упатил на автопатот Охрид – Скопје, во делот од селото Мешеишта, кон селото Климештани. Последен пат е виден во 12.30 часот покрај автопатот меѓу двете села. Тој е висок околу 170 сантиметри и тежок околу 65 килограми. Облечен бил во потемна облека (црни или тегет тренерки, темна маица, односно блуза и темна капа).