Отслужена литургија во манастирот „Вознесение Христово – Свети Спас“ во горно Лакочереј

Денес, на денот кога го празнуваме великиот празник на Вознесението Христово, во манастирот „Вознесение Христово“ („Св. Спас“) во с. Г. Лакочереј, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештеникот Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а потоа се изврши и свечена литија околу храмот. Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.