Чешкиот претседател воодушевен од убавините на манастирскиот комплекс Св.Наум

По официјалното отворање на македонско – чешкиот бизнис форум што денеска се одржува во Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески во улога на домаќин заедно со високите гости, го посетија манастирскиот комплекс Св. Наум.

Двајцата претседатели македонскиот, Ѓорге Иванов и чешкиот Милош Земан со импресии од убавините со кој изобилува овој крај и од добриот дочек го напуштија комплексот.

Попладнево,претседателот Земан со сите почести беше испратен на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.