Вчера околу 16.00 часот во болницата Св.Еразмо – Охрид бил донесен Д.И. (56) од с.Зрновци, кочанско, кој при вршење на градежни работи на објект во болницата паднал од скеле во висина од 1.80м, а врз него паднала греда. Веднаш му била укажана лекарска помош во болницата каде доктор констатирал фрактура на неколку ребра од левата страна, контузија на глава и граден кош и фрактура на карлична коска. Потоа како итен случај во критична состојба, со возило на Итна медицинска помо, бил пренесен во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.