Шилегов: Уставниот суд веднаш да се изјасни за Законот за СЈО

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денес во изјава за медиумите истакна:

„Уставниот суд треба веднаш да се изјасни околу иницијативата за оценување на уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство.

Правдата и борбата против криминалот и корупцијата не смеат да бидат под каква било или било чија закана.

Граѓаните знаат, Уставниот суд за само 5 дена поведе постапка и за само 7 дена да донесе Одлука за иницијативата на ДУИ.

Повеќе од 8 месеци Уставен суд не прави ништо околу иницијативата за Законот за СЈО и го држи во заложништво судството и владеењето на правото.

Тоа е недозволиво. Никој не е над правото и правната држава.

Оттука, приоритет за Уставниот суд на државата Република Македонија треба да биде уставноста на Законот за СЈО.

Само така ќе се обезбеди непречена работа на единствената независна институција којашто вистински се бори против криминалот и корупцијата.

Граѓаните мора да бидат сигурни дека пред законите се сите еднакви, исти се и граѓаните и политичарите.

Само на тој начин договорот од Пржино може да преживее.

За излез од длабоката политичка криза потребно е итно да се обезбеди владеењето на правото и исполнување на сите услови за слободни фер, демократски и кредибилни избори.“– истакна Шилегов.