Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев во своето обраќање пред пратениците во Собранието кои денеска треба да го констатираат досегашниот прв човек на УЈП, Кирил Миновски за нов министер за финансии, рече дека Владата и покрај контекстот на политичката ситуација останува максимално посветена во работата поради огромната поддршка од граѓаните.
„Сметам дека Миновски располага со соодветен капацитет да работи на оваа функција. Има работено на голем број различни позиции во приватниот и јавниот сектор, директно бил вклучен во проекти во областа на финансиите, подобрување на конкурентноста, банкарството итн. Исто така бил ангажиран и од Светска банка што дава квалитет на неговото портфолио. Миновски извршуваше и две исклучително значајни позиции во Државниот пазарен инспекторат и потоа во УЈП. Покажал резултати и позитивно влијаел на проекти за подобра и поефикасна функционалност на овие две институции“, рече Димитриев.