Министерот Лутфиу присуствуваше на завршните активности на проектот за професионален и кариерен развој на наставниците

Министерот за образовани и наука м-р Пиштар Лутфиу денеска присуствуваше на свеченоста по повод завршување на проектот за професионален и кариерен развој на наставниците. Во своето обраќање Лутфуи нагласи дека активностите од проектот завршуваат, но активностите за реализација на прифатените промени во оваа сфера допрва следат.

„Реформите во образованието што ги спроведува Министерството за образование и наука веќе подолг период се насочени и кон подигање на квалитетот на работата на наставниците. Оттука многу ни значи поддршката што во оваа насока ја добиваме од УСАИД преку бројните обуки за наставници, но и за подобрување на системот за професионален и кариерен развој што ја добивме преку проектот. Благодарение на ангажманот на сите вклучени во проектот сега, имаме јасни очекувања од професијата наставник, стручен соработник, но и директор на училиште. Компетенциите што сакаме да ги развиваме кај различни профили на воспитно-образовниот кадар се слични на очекувањата во други земји“, рече Лутфиу.

Министерот рече дека документите од проектот за професионален и кариерен развој на наставниците, треба да бидат основа за поквалитетно да се работи на развојот на високо професионален наставен кадар. Тој додаде дека при тоа се мисли на наставничките факултети, државните институции одговорни за развојот на образованието вклучително и за развојот на наставниот кадар на сите што нудат обуки за наставници и на самите училишта.

„Минатата година за прв пат е донесен Закон за наставници со којшто се регулирани клучните прашања за наставничката професија и работата на наставниците. Во него се дефинирани речиси сите прашања важни за квалитетен професионален и кариерен развој на наставниците. Наставничката професија веќе никој не ја гледа како статична, туку од наставникот се очекува постојано да се усовршува и да биде пример за доживотно учење“, рече Лутфиу.

Министерот за образование и наука им се заблагодари на УСАИД, Бирото за развој на образованието и Македонскиот центар за граѓанско образование, кои ја го организираа и водеа проектот за професионалниот и кариерниот развој на воспитно-образовниот кадар во Република Македонија.за целата работа.