Баскерфест караванот продолжува низ Македонија

Највеселиот летен фестивал продолжува да шири насмевки низ цела Македонија. Овој викенд Баскерфест се сели во Велес и Кавадарци на градскиот плоштад каде што се одржува и „Гурмански викенд“, а скопјани може да уживаат во театарот под отворено небо на градскиот плоштад „Македонија“ и пред „Капитол Мол“ во населба Аеродром. Во овој трговски центар баскер изведувачите ќе настапуваат се до 2 јули, а претставите ќе започнуваат во 19:00. Се до 13 јули, Баскерфест караванот ќе биде во Пехчево, Македонска Каменица, Дојран, Крушево, Виница и Кочани. 

Крушево 01.07- 02.07

Македонска Каменица 07.07-08.07

Дојран 08.07-09.07

Виница, Кочани, Пехчево 12.07-13.07

Во Скопје програмата ќе биде збогатена и со Баскерфест во општина Карпош, а претставите ќе се одржуваат пред „Сити Мол“ и во тц. „Лептокарија“.

Баскерфест 2016- позитивни вибрации во градот!