Триатлон Федерацијата на Македонија со македонската репрезентација во состав Давид Мијалов, Бојана Ѓорѓиеска и Иво Јован Димовски, настапи на Европското Првенство во Бургас, Бугарија.
На трката учествуваа сите европски земји во 6 категории. Радовишанецот Давид Мијалов со своите 13 години го освои првото место во категорија кадети и остави голем белег и најдобар резултат на Македонската Триатлон Федерација до сега. Натпреварувачите Бојана Ѓорѓиеска и Иво Јован Димовски ги освоија четвртите места во кадетските категории кои се исто така големи достигнувања за нас.