Ќе се одбележи 21-ви јуни Денот на Охридското Езеро

Утре со почеток во 11 часот во Градскиот парк во Охрид Локалната самоуправа ќе го одбележи 21ви јуни Денот на Охридското Езеро.

Во рамки на настанот предвидена е презентација на нуркачка опрема, опрема за спасување на води и планини, а ќе биде поставена и изложба на фотографии со мотиви од Охрид и охридскиот регион.

Случувањето ќе биде завршено со културно- уметничка програма и свечен завет за зачувување на Охридското Езеро.

denot_na_ezeroto_400