Во Струга отворена конференција за интегрирано управување со цврст отпад во регионот на Југоисточна Европа

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, денеска во Струга ја отвори дводневната финална „Конференција за интегрирано управување со цврст отпад во прекуграничните и крајбрежните области во регионот на Југоисточна Европа”, која е во организација на Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во Југоисточна Европа.

Проектот „Управување со цврстиот отпад” е насочен кон проценување и развивање на модели за интегрирано управување со цврстиот отпад кои се еколошко ефикасни и економски прифатливи.

11

Целта е да се намалат негативните еколошки и економски влијанија на лошото управување со цврстиот отпад, како и да се даде поддршка на еколошкиот и социо-економскиот развој на прекуграничните рурални и крајбрежни области во земјите од Југоисточна Европа.

Во рамки на овој проект, засновајќи се на развиена методологија и спроведената проценка на влијанијата, беа развиени модели за интегрирано управување со цврст отпад во три пилот-региони (планини, речни корита и морско крајбрежје). Заедно со развиените механизми за подобрување и поддршка на системите за управување со отпад во локалните области, беа создадени мерки и препораки за поддршка на примената на дадените модели.

32