Директорите на ФЗО во посета на Бугарија за размена на искуства и унапредување на соработката помеѓу фондовите на Македонија и Бугарија

Денес во еднодневна работна посета на Република Бугарија се д-р Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, директори на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Тие остварија официјална средба со гувернерот на Фондот за здравствено осигурување на Бугарија (НЗОК), д-р. Глинка Комитов, на која беше разговарано за продлабочување и унапредување на соработката помеѓу двата фонда, но и за зголемување на соработката помеѓу институциите во делот на електронски услуги. Директорите ја искористија можноста да ги поканат Бугарските колеги на посета во Република Македонија и ФЗОМ.

Директорот на ФЗОМ, Орхан Рамадани информираше за степенот на успешност на контролите во здравствените здравствени установи, а д-р. Стефановски го презентираше електронскиот систем на ФЗОМ и користењето на електронските услуги.

Image 1

Д-р Глинка Комитов, го претставни нивниот информатички систем и разговараше за подготовка за Електронска размена на податоци за социјалната сигурност во ЕУ (EESSI) – структурирани електронски документи SEDs .

Во рамките на работната посета на Бугарија, директоритe Стефаноски и Рамадани ја посетија националната детска кардио хирургија на Бугарија, каде што ги увидоа условите за лекување. Особено се разговараше за интервенциите на бебињата кои се испраќаат од Македонија за операции на срце.

На средбите беше договорено соработката да продолжи и понатаму со размена на информации и искуства што ќе придонесат за понатамошно унапредување на здравствениот систем.

Image 3