Прифатен елаборатот за проценетите штети од мразот во април

Советот на општина Охрид, на денешната седница, го усвои Елаборатот за проценка на штети од мраз, слана и ниски температури настанати на подрачјето на општина Охрид на 25.04.2016 година.Елаборатот, кој ќе биде доставен до надлежните државни органи, го изготви Комисијата за проценка на штети и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при општина Охрид.

Според податоците, по мразевите и сланата од 25.04.2016 година, барање за надомесет од штети поднеле 110 регистрирани земјоделци од подрачјето на Охрид и селата Лескоец, Косел, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Ливоишта, Вапила, Велгошти и Трпејца. Вкупната проценета вредност на штетите изнесува 20.770.199,оо денари.