СВР Охрид поднесе кривична пријава против правното лице ТДГПТУ „Толески Никола Дебој Инженеринг“-Охрид и против Н.Т. (59) од с. Пештани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижност“.
Во текот на 2016 година пријавените без одобрение за градење на земјиште во сопственост на Р. Македонија, а дадено на користење ЈУ Национален парк-Галичица, во центарот на с. Пештани изградиле бетонска ограда. Наведеното е констатирано од градежен инспектор од Охрид и за истото е донесено решение за отстранување на градбата.