СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Т.(41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“, и против Б.П.М.(27), С.П.Д.(45) и К.Р. (41), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за помагање во извршувањето на кривичното дело „изнуда“.
На 05.05.2016 година, околу 22.30 часот, пријавените отишле во база на такси компанија во Охрид поради нерасчистени имотно правни односи и со употреба на сила и со сериозни закани сакале да изнудат пари и материјални средства од оштетениот Т.М. од Охрид. Следниот ден околу 02.00 часот пријавените Г.Т. и Б.М.П. отишле пред домот на оштетениот во Охрид каде продолжиле со заканите. Притоа настанала вербална расправија со Т.М. која прераснала во тепачка.