Округла маса во ОУТУ „Ванчо Питошески“ за вклучување на бизнис секторот во образовниот процес

Округла маса во рамките на проектот „Соработка и зајакнување на врската помеѓу образовниот и економскиот сектор во областа на угостителството и туризмот“ се одржа денеска во просториите на ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид.

Целта на округлата маса беше: Изнаоѓање на можности и начини за квалитетно услужен и задоволен гостин.

На округлата маса присуствуваа директорот и тимот наставници-стручни професори од училиштето, претставници од Центарот за средно стручно обраозвание, социјалните партнери од бизнис заедницата, членови од УСАИД и тим од Моја Кариера.

13535970_1288252357856271_1057858148_n

На округлата маса прусутните дискутираа на следните теми:

– Очекувани знаења, вештини и способности од учениците

– Значењето на практичната обука во унапредувањето на угостителско-туристичката дејност

– Вклучување на бизнис секторот во животот на училиштето

Училиштето и понатаму ќе биде вклучено во проекти со кои ќе се афирмира развојот на угостителството и туризмот во градот, бидејќи на градот му се потребни стручни кадри од угостителско-туристичката струка а тие се образуваат во самото училиште коишто пак на пазарот на трудот се едни од најбараните како во државата така и надвор од неа.

13510550_1288252371189603_1639125203_n (1)