Охридската библиотека ќе го одбележи Меѓународниот ден на книгата за деца и млади

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и оваа година ќе го одбележи 2 Април – Меѓународниот ден на книгата за деца и млади, со организирање средба со писателот Тоде Илиевски, член на Друштвото на писатели на Македонија, автор на дванаесет книги, добитник на наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади објавена во 2009 година.

На средбата ќе бидат претставени одбрани песни од стихозбирките: „Ведро едро“ (1990), „Изворите во горите“ (1999), „Липов чај“ (2009) и „Ќерката на поетот“ (2011), по што ќе следи разговор со писателот.