Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид врз градежните активности кои се одвиваат околу проектот за реконструкција на Основното училиште во Оровник, каде деновиве започна втората фаза од реконструкцијата на Основното училиште.
„Во втората фаза се предвидува замена на кровот, изработка на фасада, изработка на нови плафони, глетовање и молерисување на внатрешните ѕидови, поставување на нова електрична, водоводна и канализациона инсталација и нови санитарии за најмалите ученици. Со завршувањето на втората фаза од реконструкцијата, училиштето ќе добие комплетно нов лик и од следната учебна година учениците во подрачното основно училиште во Оровник, наставата ќе ја следат во целосна реновирана училишна зграда.“ – информираат од Општина Дебрца.
Проектот преставува дел од низата проекти кои ги спроведува Општина Дебрца во делот на образованието, подобрување на воспитно образовните установи и создавање услови за непречено одржување на наставата на учениците и вработените.
Реконструкцијата на Училиштето е проект на Општина Дебрца во соработка со Југозападниот плански регион кој го спроведуваа проектот за енергетски ефикасни објекти во Југозападниот Плански Регион, за кој проект се одобрени средства од Бирото за регионален развој. Вкупната инвестициона вредност на втората фаза од реконструкција изнесува 2.006.797,00 денари бев вкалкулиран ДДВ.