Утре крводарителска акција во ОСУ „Св.Климент Охридски“

Во рамките на своите активности за обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти во летниот период, за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира утре, 28ми јуни (вторник) од 9-15 часот во просториите на ОСУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид.

Се покануваат нашите хумани сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв.