Министерот за образование и наука на Република Македонија м-р Пиштар Лутфиу учествуваше на 5-та конференција на Платформата на Западен Балкан за образование и обука на професионален развој на наставниот кадар во образовните установи, што се одржа во Сараево, Република Босна и Херцеговина.
На конференцијата, министерот меѓу другото информираше за активностите кои се преземаат од страна на Република Македонија, со цел да се зголеми квалитетот на образованието, особено во областа на обуката на развојот на професионалните капацитети на наставниот кадар во основните и средните училишта.
Министерот Лутфиу, истакна дека Република Македонија особено во последниве години со сериозна и значајна одговорност, образованието на младите генерации го смета како приоритет на развојните политики на земјата, а зголемувањето на квалитетот во образованието како потреба.
Тој додаде дека имајќи ја предвид оваа цел, Република Македонија сака да изгради институционални механизми за обезбедување на одржливоста на овие иницијативи кои исто така претставуваат производ на потребите на времето.
Во таа насока, рече Лутфиу е Академијата за наставници, државна институција која што во себе ќе содржи различни активности во врска со стручното обучување на идните и постојните наставници и нивното континуирано обучување со цел да се соочат со современите трансформации во областа на наставата и учењето.
Министерот Лутфиу пред министрите за образование и наука од регионот и пред меѓународните експерти од областа на образованието, детално ги објасни целите за формирањето на Академијата за наставници, придобивките од оваа јавна установа, и финансиската поддршка која ја обезбедува државата за мисијата на оваа институција.