Првите луѓе на РФМ во посета на кампот „Кирил Лазаров 7“

Во текот на денешниот ден претстедателот и генералниот секретар на РФМ, Живко Мукаетов и Филип Милошевски, беа во посета на вториот ракометен камп „Кирил Лазаров 7″ каде што на лице место имаа можност да се запознаат со она што е реализирано на кампот на најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров.

Раководните лица на најуспешната спортска федерација изразија задоволство од начинот на кој се развива самиот проект, од зголемениот број на учесници и условите кои од година во година се се подобри. Мукаетов го потенцираше учеството на многу наши тренери, сегашни и екс репрезентативци и селектори на најдобрите национални селекции што исто така преставува една придобивка плус за македонскиот ракомет, имајќи предвид дека за време на кампот се реализираа неколку предавања и панел дискусии.

Направен е сериозен чекор напред во однос на организација на ракометниот камп на капитенот на националниот тим во повеќе области.

Извор: http://lazarovkiril7.com/