Заменик министерот Муцунски утре на работен состанок во Охрид за новиот ЗОУП

Заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски утре, 29 јуни (среда), ќе одржи работен состанок со градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и со директорите на јавните претпријатија, установи и институции под надлежност на општина Охрид, за новиот Закон за општата управна постапка.

Настанот ќе се одржи во просториите на општина Охрид.