Градоначалникот Бакрачески организира ифтар вечера

По повод големиот муслимански празник Бајрам градоначалникот Никола Бакрачески, утре (30.06.2016), на плоштадот Чинар организира Ифтар вечера.

Вечерата која ќе започне во 20 часот претставува израз на соживот и градење на меѓусебни пријателски односи и почитување меѓу сите етнички заедници што живеат во Охрид.