Во рамки на Програмата на грижа за стари лица која веќе една година ја спроведува Црвен крст Охрид, вчера на сцената на малиот плоштад кај (Мини Маркет) волонтерите на Црвен крст Охрид од различни возрасти и на различни јазици читаа поезија во која уживаа корисниците на оваа програма и бројни наши сограѓани. Преку поетските творби, во најголем број напишани од самите волонтери, беше упатена порака за за вреднување на разновидноста на културите и толеранцијата, взаемната доверба и разбирање, почитта и вниманието кон старите лица.
Потребите на старите лица се во фокусот на интерес на Црвен крст Охрид кој и оваа година, помогнат и во соработка со локалната самоуправа ќе продолжи, посветено, преку најразлични форми на грижа, помош и поддршка на стари лица со различен социо-економски статус, од општините Охрид и Дебрца да им ја разубави староста.