Во Охрид се одржаа обуки за спасување на вода и прва помош од операција Флориан

Петдневната обука за спасување на вода и прва помош која од 27ми јуни во организација на Црвен крст Охрид и во соработка со инструктори за безбедност на вода и прва помош од Операција Флориан, Манчестер, Англија се реализираше за припадниците на Граничната (езерска) полиција и членовите на Единицата за спасување на вода и Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид, денеска заврши со реализација на показна вежба на спасување на давеници од превртен чамец и педалинка од водите на Охридското езеро кај „старото пристаниште“.

И оваа обука беше можност за спасителите на Црвен крст Охрид и припадниците на Граничната полиција за освежување на постоечките и примена на нови техники на спасување и укажување на прва помош на повредени лица, со што се потврди оправданоста од соработка со меѓународни и домашни институции во насока на надградување на знаењата и координираност во делувањето.