Започна „Баскерфест“ 2016 во Охрид

По трет пат во Охрид, од вечерва до 3ти јули (недела) гостува најпознатиот и најпосетуваниот уличен фестивал во регионот „Баскерфест“. Дваесетина изведувачи со атрактивни жонглериски акробации, на градскиот плоштад, малиот плоштад, плоштадот кај чинарот и низ охридската чаршија со своите несекојдневни перформанси, овој фестивал ги забавува охриѓани и туристите кои престојуваат во нашиот град.

Годинава пред охридската публика ќе се претстават улични уметници од Бразил, Шпанија, Јапонија, Хрватска и Македонија.

WebOhrid/ А.Андриоски