Во текот на минатата недела, царинските службеници открија една царинска измама и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани автоделови, гумен чамец, облека, обувки, маски, фолии и држачи за мобилни телефони, GPS уреди, додатоци на исхраната и фалсификати.
Задржана е следната стока:
Автоделови и гумен чамец
-3 употребувани делови за моторцикл и 1 гумен чамец, откриени при контрола на две патнички возила, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица.
Во првиот случај, во багажниот простор на италијански автомобил, покриени со торби, кесиња и други лични работи, се пронајдени 1 употребуван рам и 2 употребувани бандажи за моторцикл.
Во вториот случај, на задното седиште на македонски автомобил е пронајден гумен чамец Fourwind, за кој е пронајдена и фактура од која е утврдено дека е купен од Грција.
Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани, а против возачитеќе бидат поднесени прекршочни постапки.
– 5 употребувани автомобилски делови, откриени во два одвоени случаи, при контрола на два македонски автомобили, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Блаце.
Во првиот случај, вобагажникот на возилото е пронајден 1 менувач за патнички автомобил АУДИ, додека во вториот случај, во просторот за резервна гума и позади резервоарот за гас на возилото, биле пронајдени 2 компресори за клима и 2 стоп-светла за патнички автомобил. Во двата случаи, автоделовите се привремено задржани, а против возачите се поведени прекршочни постапки
Облека, обувки и друго
– 215 разни производи (облека, паричници, чаршафи и друго) и 23 пара детски сандали, откриени во два одвоени случаи, при контрола на 2 автомобили, пријавени за влез во државата на граничниот премин Блаце.
Во првиот случај, под теписонот на багажникот кај резервната гума, во касетата за документи и под патосниците пред задното седиште на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, се пронајдени 77 парчиња облека (детски бермуди и маици), 11 паричници, 100 кутии за модни додатоци, 5 гумени чаршафи за маса и 22 држачи за мобилни телефони.
Во вториот случај, во багажникот на косовски автомобил управуван од косовски државјанин, се пронајдени 23 пара детски сандали.
Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани а против возачите се поведени прекршочни постапки.
– 158 парчиња облека (шорцеви, кратки и долги панталони, здолништа, фустани и блузи), откриени при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи, пронајдени во просторот за одмор во кабината на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.
– 8 пара машки фармерки, 1 радио CD со навигација и 1 мобилен телефон Samsung Galaxy S7, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патнички куфер сопственост на македонски државјанин, кој допатувал со лет од Осло. Непријавените производи се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка.
Останато
– 828 капсули Slim Line, 107 додатоци за мобилни телефони и таблети и 3 GPS уреди, откриени во два одвоени случаи при контрола на еден автобус и еден автомобил, пријавени за влез во државата на граничниот премин Блаце.
Во првиот случај, во патна торба сопственост на бугарска државјанка која патувала со косовски автобус, што сообраќал на релација Призрен – Скопје, се пронајдени 58 заштитни маски за мобилни телефони Samsung иIphone, 47 заштитни фолии за Iphone, 2 маски за таблет-уреди и 3GPSуреди ROVE.
Во вториот случај, во багажникот на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, се пронајдени 23 кутии со вкупно 828 капсули Slim Line.
Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани, а против прекршителите се поведени прекршочни постапки.
Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
– 400 парчиња облека, 192 детски играчки и 2.170 балони со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во три одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови.
Во првиот случај, при контрола на турски камион, натоварен со разна стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово, пријавен за излез од државата на граничниот премин Блаце, се пронајдени 400 парчиња облека (маици и блузи), чија пазарна вредност е проценета на околу 495 илјади денари, доколку би се продавале како оригинали.
Во вториот случај, при контрола на разна стока со потекло од Косово, наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 4, се пронајдени 192 колички, чија пазарна вредност е проценета на околу 192 илјади денари, доколку би се продавале како оригинали.
Во третиот случај, при контрола на стока со потекло од Италија, наменета за фирма од Тетово, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Охрид, се пронајдени 2.170 балони од фолија, чија пазарна вредност е проценета на околу 109 илјади денари, доколку би се продавале како оригинали.
Во сите три случаи, производите се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост и согласно законските прописи Царинската управа ќе поведе постапка за утврдување на нивната оригиналност.
Царинска измама
Во царинската испостава Струга е откриен обид за избегнување плаќање увозни давачки со погрешно декларирање на потекло на стока.
Фирма увозник од Охрид, во месец јули 2015 година, пријавила за увозно царинење разна употребувана стока, при што приложила фактура со изјава за потекло како доказ за потекло на стоката од Европска унија. Поради сомневање во исправноста на доказот за потекло, истиот бил испратен на дополнителна верификација до царинската администрација на Германија, по што е добиен одговор дека производите опфатени со предметниот доказ за потекло не можат да се сметаат за производи со потекло од Европска унија.
Врз основа на добиениот одговор, изготвено е барање за дополнителна наплата на царински долг во износ од околу 97 илјади денари, а на прекршителот ќе му биде изречена и мандатна казна.