Посредникот за решавање на политичката криза во Македонија, германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Ханјдл, утре ќе се сретне со лидерите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино.
Предвидени се и разговори со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Емил Димитриев, министерот за надворешни работи Никола Попоски и специјалната обвинителка Катица Јанева.
Според најавата од германската амбасада во Скопје, Хајндл утре би требало да даде и изјава за медиумите.
Извор: meta.mk