Министерот за одбрана Зоран Јолевски со честитка за празникот Рамазан Бајрам.
„Дозволете ми на Вам, вработените во Министерството за одбрана, припадниците на АРМ и граѓаните на Република Македонија од исламска вероисповед да Ви го честитам празникот Рамазан Бајрам и завршувањето на рамазанските пости, со желба заедно со Вашите најблиски и најмили, празничните денови да ги минете во добро здравје, љубов и среќа“, истакнува министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски во честитката по повод празникот Рамазан Бајрам.
Меѓусебното почитување, љубовта и пријателството, додава министерот, се водилка и вистинска вредност на овој голем празник. На сите верници им посакувам мир, среќа, единство и сплотеност.
Република Македонија е општество кое ги почитува традициите на соживот и толеранција, општество кое на највисок степен ги издигнува моралните и хуманите вредности, а Армијата е пример за тоа како припадниците на повеќе националности и религии заеднички ги бранат независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата татковина.“- стои во честитката.