Министерот Јолевски со честитка за празникот Рамазан Бајрам

Министерот за одбрана Зоран Јолевски со честитка за празникот Рамазан Бајрам.

Дозволете ми на Вам, вработените во Министерството за одбрана, припадниците на АРМ и граѓаните на Република Македонија од исламска вероисповед да Ви го честитам празникот Рамазан Бајрам и завршувањето на рамазанските пости, со желба заедно со Вашите најблиски и најмили, празничните денови да ги минете во добро здравје, љубов и среќа“, истакнува министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски во честитката по повод празникот Рамазан Бајрам.

Меѓусебното почитување, љубовта и пријателството, додава министерот, се водилка и вистинска вредност на овој голем празник. На сите верници им посакувам мир, среќа, единство и сплотеност.

Република Македонија е општество кое ги почитува традициите на соживот и толеранција, општество кое на највисок степен ги издигнува моралните и хуманите вредности, а Армијата е пример за тоа како припадниците на повеќе националности и религии заеднички ги бранат независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата татковина.“- стои во честитката.