СВР Охрид со честитка за празникот Рамазан Бајрам

По повод празникот Рамазан Бајрам, до сите верници од исламска вероисповед од СВР Охрид упатуваат искрени честитки за среќно и долговечно празнување на големиот празник.

„Посакуваме светиот муслимански празник да донесе здравје, среќа, чиста мисла, почит и толеранција, личен и семеен просперитет и благосостојба.

Како служба, длабоко сме убедени дека со единство и заедничка верба во поубава иднина, градиме стабилна, безбедна и демократска држава што се темели на целосно почитување и унапредување на основните човекови права и слободи и на вистинските вредности во општеството.

Блискоста со сите граѓани, законитоста, неселективната работа, професионализмот, транспарентноста и отчетноста се основните постулати врз кои почива нашето работење кон изградба на стабилен безбедносен систем што успешно ќе се справува со новите безбедносни предизвици.“ – стои во честитката на СВР Охрид.