Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) бара од македонските спортисти да одбијат да дефилираат на Олимпијадата во Рио позади буквата „Ф“.
„Меѓународниот Олимписки Комитет ќе ги следи директивите на ОН и САД и ќе продолжат да ги кршат најосновните права на Република Македонија, а тоа е правото да го користиме нашето сопствено име. На свеченото отворање на Олимписките игри во Рио, македонските спортисти повторно ќе бидат принудени да дефилираат позади буквата “F“, што е прва буква од “Former Yugoslav Republic of Macedonia”. Македонија на тој начин ќе потклекне пред американската тактика на заплашување и нема да застанат во одбрана на сопственото име.
Од тие причини, македонски спортисти, само од вас зависи. Приклучете се на оние спортисти кои што се спротивставија на кршењето на човековите права и не прифаќајте да дефилирате на олимпијадата во Рио позади буквата „Ф“. Сте вложиле голем труд за да се здобиете со честа да ја претставувате вашата земја, а не некоја измислена држава БЈРМ. Чекорете позади буквата „М“ и кажете му на светот дека нашето име е, и секогаш било, Македонија.
Македонци, олимпијци од сите држави и сите други кои што се залагате за човековите права, придружете се на барањето од ММДЧП за македонските спортисти да одбијат да чекорат позади буквата „Ф“ на свеченото отворање на Олимписките игри. Споделете го на социјалните мрежи овој наш јавен апел, користејќи ги информациите и линковите под овој текст. Олимпиското начело вели дека „Спортувањето е човеково право“. Епа човеково право е и користењето на сопственото име. Нашето име е Македонија. Барајте од Меѓународниот Олимписки Комитет (МОК) да го почитува тоа.“ – велат од ММДЧП во нивното соопштение за медиумите.